ВМРО ДМНЕ со реакција против летниот сообраќајен режим во Струга.
-„Во пресрет на летната сезона во Струга, од денес градоначалникот Рамиз Мерко и СДСМ воведуваат нов сообраќаен режим со што градот повторно ќе биде блокиран како што тоа беше случај пред неколку години.
Имено, на улиците ,,Пролетерски Бригади” и ,,15-ти Корпус”, сообраќајот ќе се одвива во еден правец, со што на левата страна на улицата ќе биде место за паралелен паркинг, а од десната страна, патека за велосипеди.
СДСМ и Градоначалникот Рамиз Мерко за да направат личен профит од каде ќе стигнат, очигледно заборавија на граѓаните и на нивните потреби и во пресрет на туристичката сезона, Струга повторно ќе стане блокиран град!
Зарем потребите на граѓаните на Струга ви се на последно место, ама затоа пак потребите за вашиот личен профит и профитот на вашите коалициони партнери од СДСМ, ви е на прво место!
Очигледно, заборавивте дека Струга е туристички град, па успеавте пред сезона да направите невиден хаос во сообраќајот!
Не направите ништо за Струга и стружани, а пред избори имавте полни раце со празни ветувања!
Ова лудило мора да престане, доста го залажувате народот!
Од Град на поезијата вие направивте град на безредие и хаос!
Но, затоа ќе ви порачаме дека ќе ве стигне казната на народот, и тоа многу брзо!“, стои во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.