Градоначалникот Јован Стојаноски го честита Националниот ден на Власите.
– Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,
Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори. Влашката заедница, која дава свој придонес во општествениот и културен прогрес во Охрид и Македонија е важен дел од македонското општество.
Власите во Македонија, се составен дел од историјата на Република Македонија и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.
Националниот ден на Власите е можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво. Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за зацврстувањето на благосостојбата и просперитетот на градот и државата, стои во честитката на градоначалникот, Јован Стојаноски.
И ВМРО ДПМНЕ упати честитка за празникот.
-Една од најсуштинските традиции којашто ја негува ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид е почитувањето на најбитните празници и идентитетски обележја на етничките заедници во нашиот град.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 Мај – Националниот ден на Власите.
За Власите, 23 Мај претставува афирмација на нивната култура и традиција и постоење на нивната заедница во нашата држава. Власите во Охрид секогаш биле луѓе кои со својата трудољубивост и посветеност дале голем придонес во остварување на нашите заеднички стремежи за подобар, поуспешен и просперитететен Охрид.
Упатуваме искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Охрид и Република Македонија.
Нека е честит националниот ден на Власите!
