Секоја вечер си кажувам молитва, јас бев човек што сака да планира,на пример во јуни ќе одам на едни место, во август ќе го направам тоа и тоа, меѓутоа сфаќаш дека некако не можеш баш така животот да го испланираш…..
33 годишната охриѓанка Јана Арсовска веќе 4 години боледува од редок и многу агресивен вид на рак. Таа помина низ две трансплантации на матични клетки,многу хемотерапии, зрачења, но болеста се уште не поминува. Деновиве се навршува една година од втората трансплантација, а Јана лежи, веќе 8 месеци не може да стане, бидејќи има силни болни во ногата на која има изгореници од зрачењето
-„Така да се будам со мислата фала ти Господе што сум жива,да имаме денес убав ден, да имам помалку болки, а заспивам исто така со молитва дека утре ќе биде подобро, дека помалку ќе боли ногата. И да боли, тој страв некако наоѓам начин да го победам, вели Јана Арсовска.
Лекарите од германската клиниката во Флензбург, каде се лекуваше предлагаат да прима имунитерапија со антитела, кои ги уништуваат малигните клетки,но тоа чини многу пари,првично околу 80.000 евра. Затоа Јана, благодарна на сите хумани луѓе и на државата што и помогна да се лекува во странство, уште еднаш се обрати до Фондот за здравство да и одобри средства за да го продолжи лекувањето, но беше одбиена.
-Бев одбиена и поднесов жалба и жалбата ми ја одбија врз основа на тоа дека осигуреникот, односно јас сум дел од медицинска студија, а тоа навистина не е точно. Професорката се обиде да најде студија и да ме стави , меѓутоа не можеше да најде бидејќи сите студии се за деца, затоа што е ова детска болест, објаснува таа.
Деновите минуваат, а Управниот суд сеуште не се произнесол по тужбата на Јана, веќе 2 месеци нема епилог.
Не сакам да ме сожалуваат вели Јана, сакам да оздравам и да придонесувам за оваа земја, да создавам и да раснам заедно со неа и во неа.Не можам веќе да си ги пронајдам амбциите, соништата како да исчезнаа.
