Млади момчиња од Гостивар едвај се спасиле кога педалинката почнала да тоне.
На 31.08.2019 во 14.15 часот во СВР Охрид, А.С.(21) од Гостивар пријавил дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со Х.Д.(21) и А.Б.(20) од Гостивар, ја изнајмиле на плажа, и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне. Х.Д. и А.Б. испливале на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот.
– На местото на настанот извршен е увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.