Охридското пристаниште се распаѓа, санација во ноември

Охридското пристаниште се распаѓа, надлежните ветуваат санација во ноември.

 Градското пристаниште изградено во далечната 1936 година веќе е во загрижувачка состојба. 

Наместо да биде репрезент и белег на градот Охрид, ова е сликата што  ја гледаат туристите и минувачите, распаднато и оставено само на себе. 

Поголемите зафати кои ги најавува кашетанијата се предвидени оваа есен. 

-„Во ноември планираме поголема санација и комплетно уредување. Водостојот ќе биде намален и ќе бидат уредени двете пристаништа и охридското и во Свети Наум. Ќе се изврши ископ и комплетно уредување“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа во изјава за Охриднет.ком.

Фото Акватек  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани