Даночните реформи ќе го отежнат работењето на станоиздавачите и хотелиерите

Реформите во даночната сфера ќе бидат  силен удар врз приватните станоиздавачи и хотелиерите  во охридскиот регион.

Зголемувањето на даночната стапка за приходи од закуп и подзакуп  за дополнителни 50 %, ,мерка  која  доаѓа  во пакет со прогресивното оданочување ќе го отежне  работењето на издавачите на апартмани.

 Стопанските комори баараат даночните реформи да се одложат за пет години.

-„Лошо ќе влијае особено во туризмот и кај хотелиерите меѓутоа посебно кај  приватното сместување бидејки за закупот се менува даночната стапка  за 50% а се намалува делот од прифатените трошоци  од 30% на помал износ. Така да тоа ќе биде удар за приватните станоиздавачи кои што се во голем обем посебно во Југозападниот плански регион“, вели Цветко Андреески декан на ФТУ Охрид.

– „Проблемот со даноците  се проблем за целиот бизнис сектор. Ние како комори пред некој период не е само тоа еве сега се воведе односно нова даночна реформа е во најава Сите тие реформи на извезен начин ќе го отежнат работењето  бидејќи тие прописи носат дополнителни обврски за самите фирми  и ќе го отежнат нивното работење“, вели Љубомир Димоски претставник од Стопанските комори.

Субвенциите на тур операторите кои носат странски туристи  даваат одлични резултати. Од 2011 година туризмот бележи значително подобрување , но Стопанските комори предлагаат проширување, односно  субвенции да добиваат и угостителите и хотелиерите.

– „Долг период наназад особено како Стопанска комора на Македонија се залагаме да се менува овој модел на субвенционирање и сибвенцинионирањето особено да го почуствуваат угостителите што за нас е клучно угостителските објекти за ноќевање и угостителските ресторани да бидат вклучени во проектот за субвенционирање“, но за да се менува овој модел потребна е сеопфатна анализа “, вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Даноците и субвенциите се  клучните  предизвици во туристичкиот сектор, заклучија  Стопанските комори на денешниот Форум  во Охрид, чија цел е подобра бизнис клима во туризмот.  

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани