Прекрасна свечена приредба на учениците од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ кое годинава одбележува и јубилеј- 120 години од неговото основање.
По тој повод во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена изложба и продажна акција по што се одржи свечена културно-уметничка програма на тема „Времеплов“.
Претходно во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше отворена изложбата под наслов: „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“
Беа изложени педесеттина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот.
Преку изложбата се согледа континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј , преку нивните ученици Светите Климент и Наум па се’ до денес.
Во рамки на настанот беа доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.