Поетот Дарко Лешоски е нов претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП).
Лешоски доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски, кој на оваа функција беше од 2008.
Автор е збирките поезија „Дете од лоша фамилија“, „…И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“.По објавувањето на името на Лешоски како нов претседател на Управниот одбор не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за уште еден кадар кој е далеку од квалификуван за ова место, а повеќе реномирани поети и книжевници, меѓу кои и Иван Антоновски реагираат дека „човек, којшто никогаш не сме го виделе ниту во редовите на публиката на СВП и кој најверојатно не знае ни кои личности пред него биле на истото тоа место“, сега добива клучна позиција.
Инаку, годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ.