ЈП Билјанини Извори во соработка со ЈОУДГ “Јасна Ристеска” објекти Билјана и Централна, Завод и музеј Охрид и национален ресторан “Грне” од село Коњско организираше посета на Музејот “Залив на коските” со двокатниот панорамски автобус како и ручек за сите дечиња.
За време на посетата на музејот, на децата, покрај разгледувањето и објаснувањето од стручните лица при музејот им беше поделена и ужина.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите подржувачи на одличното, кратко ама слатко, дружење со децата. Веруваме дека супер си поминавме и се надеваме дека ваквите активности за најмладите ќе продолжат и во иднина.