25 годишен стружнец фатен со марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ч.А.(25) од с.Мислешево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.04.2019 пред хотел во с.Калишта, струшко, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, информираат од МВР.