Градоначалникот Константин Георгиески, денес, ги прими почесните гости на Спортската манифестација „Охрид трчат“, што викендов се одржува во Охрид.
Спортската делегација беше составена од, Ален Бошковиќ кој е директор на полумаратонот во Дубровник „DU – motion“, директорот на полумаратонот во Мостар, Фрањо Ловрич, директорот на полумаратонот во Бања Лука, Владимир Селец, Верољуб Змијанац директор на „Србија бизнис ран“ и Ивета Бинива претставник на „Ран Бугарија“.
На средбата се разговараше за нивното учество на овогодинешното издание на „Охрид трчат“, за организацијата на нивните маратони, но и за продлабочување на веќе добровоспоставената соработка.