Во Охрид се одржа првиот Национален Теквондо турнир „Охрид опен 2019″.
Повеќе од 140 теквондисти од неколку Европски држави зедоа учество во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори.
Националниот текводно туринир го отвори градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
– Можеби теквондото претставува единствена вештина во која голем удел има и филозофијата. Оваа најстара корејска вештина која претставува спој од повеќе борбени стилови на почетокот била користена за самоодбрана и преживување на младите луѓе. Со оваа техника покрај физичката се развива и умствената сила. Иако воглавном постојат неколку различни интерпретирања на теквондо филозофијата, сите тие се сведуваат на две верувам добро познати реченици за вас: „Јас ќе бидам шампионот на правдата и слободата“ и „Јас ќе изградам подобар и мирен свет“. Овие две реченици го потенцираат значењето на теквондо вештината која не е само обична боречка дисциплина. Затоа, сакам да ви порачам да се придржувате до овие два слогани, и не само на теренот туку и во секое општествено делување да се обидете да го правите светот подобро место за живеење, бидејќи Вие како млади и прогресивни луѓе го можете тоа, истакна градоначалникот во своето поздравно обраќање.
Пред присутните се обрати д-р Борче Костовски, претседател на Македонската Таеквондо федерација, кој испрати огромна благодарност до организаторот на турнирот, клубот „Хваранг Фист“ од Охрид.
– Клубот е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација. Мора сите заедно да го промовираме овој спорт. Виновник за овој турнир е првиот човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства, истакна Костовски.
На најдобрите натпреварувачи организаторот, таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, кој е член на Македонската текводно федерација од 2007, им додели признанија и плакети.