Вреќи полни со марихуана пронајдени во струшко

12 вреќи се пронајдени во близина на струшко Калишта.

На 01.06.2019 година околу 03 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана.
По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

Social profiles