Неред и приведување во охридско кабаре

Ноќеска од кабарето се приведени охриѓанец и скопјанец.

Според соопштеието од СВР Охрид, „на 01.06.2019 година во 03.35 часот, во кабаре лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, извршено од Ф.Д. (28) од Охрид со дрско и непристојно однесување кон вработените и гостите како и кон полициските службеници“.
– Тој, е приведен во полициската станица заедно со неговиот пријател К.Ј.(31) од Скопје кој ги спречувал полициските службеници во приведувањето. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани