Со огномет, распалени бакли и незаборавна забава на градскиот кеј синоќа започна долгогочекуваната спортска манифестација Охрид ТрчаТ.
Стотина граѓани беа дел од кратката ноќна трка.
За добрата музика се погрижи охридската група „Броз“, а за спектакуларносто осветлување на кејот навивачката група „Рибари“ кои ги запалија баклите.
И градоначалникот Константин Георгиески учествуваше во ноќната трка и пристигна на целта.