Делегација од Далиан – Кина во посета на Охрид

Делегација од градот Далиан, Народна Република Кина, предводена од заменик претседателот на Конгресот на општината, Лиу Вајму, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

 

На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка што двете општини, Далиан и Охрид, ја негуваат. Посебен акцент беше ставен за можната соработка во зачувувањето и реставрацијата на старите објекти во Охрид, како и заштитата на животната средина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани