Делегација на СЗО во посета на охридската болница

Изминативе неколку денови делегација на СЗО беше во посета на охридската болница.

Во периодот од 11 до 15 март 2024 година Светската здравствена организација (СЗО) , со учество на домашни официјални лица и со меѓународни експерти од Велика Британија , Франција , Шпанија и Швајцарија преку технички средби и работилници , посети на терен ја спроведува националната мисија за оценување на болничкиот сектор во Република Северна Македонија .

Можно е да е слика од 6 луѓе и болница

– Чест ни е да споделеме дека ЈЗУ Општа болница Охрид беше посетена од делегацијата на Светската здравствена организација (СЗО) . Во текот на нивната посета, делегацијата не упати на софистицирани насоки за спроведување на нивната мисија за проценка на болнички капацитети, индентификувајќи области и можности за подобрување на капацитетите во насока на поддршка и зајакнување на стратешките цели на Министерството за здравство до 2030 година, обезбедувајќи здравствени реформи кои ќе бидат сеопфатни , проширени и кои ќе водат кон подобар систем во согласност со меѓународните одредници . Благодариме на делегацијата на СЗО за нивната посета , и сме посветени на поддржување на иновативни пристапи во кои пациентот е секогаш во центарот на вниманието, информираат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе студираат и маса

Можно е да е слика од 6 луѓе, болница и текст

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани