Невладините, Охридски Комуналец и учениците ги „светнаа“ плажите

Здружено, активистите од   Енхелеус Лихнид и Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид, продолжуви   втората од четирите планирани акции за чистење на охридските  плажи, во акцијата се вклучија и учениците  од ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и нивните професори.

-„ Денес, со апсолутна силна волја и чиста свест, запатувавме кон езерото, не во потрага по спасение за нашиот дух, туку во потрага по спасение за нашето сино благо. Нашиот воздишок, сведокот на животот, сега го издаваше речиси неподнослива миризба, толку нечиста, скоро, колку човечката безгрижност. Во молитвена прекорност кон Мајката Природа, се соочивме со надворешната нечистотија која ја обгорчува нашата мирна вода. Но во ова “пластично” езеро, не најдовме само претстава на нашата грешност, туку и можност за поправка. Се случи,со свои раце ги пречистивме обалите од пластичните окови. Трпеливо, ги вадевме оние бездушни предмети што го задушуваа животот во оваа природна убавина.
– ЗДРУЖЕНО и ЗАЕДНО!Сега, дозволете да продолжиме на нашата духовна патека, во борбата за чистотата, и за земјата која ни е наш дом. Во име на нашите нови почетоци, во име на нашата искрена мечта. “-порачаа од Енхелеус Лихднид Здружение за заштита на природното и национално богатство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани