СДСМ со низа обвинувања за пречекорување на службени овластувања. Од таму на денешната прес конференција обвинија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ при јавна набавка во ЈП Охридски Комуналец.
„В. д директорот на ЈП Охридски Комуанлец и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле Jавното претпријатие Охридски комуналец за сума од 3.304.000 денари или над 50.000 евра. Четирите лица иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е пет пати повисока од пазарната вредност, на 17-ти јануари 2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице „Нефи ИК“ ДООЕЛ Охрид со што за околу 54.000 евра го оштетиле буџетот на ЈП „Охридски Комуналец“, од каде неодамна набавија препарат на база на алги за 24.000 евра од фирма, чиј сопственик е донатор на ДПМНЕ. Во ДПМНЕ нема никаква промена. ДПМНЕ беше и останува симбол на криминал и корупција, злоупотреби на парите на граѓаните. “ – велат од СДСМ.
Рекација пристигна од ОК на ВМРО ДПМНЕ, велат законската постапка е спроведена законски, нема пречекорување на службени овластувања.
Без нималку срам криминогената претседателка на СДС Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска ги изговара зборовите дивеење и беззаконие, а самата таа на фалсификаторски начин без да ги исполнува критериумите незаконски ја извршува функцијата Раководител на Централен регистар Охрид.Дегутантно е Крлеска, која до вчера беше дел од ЈП „Охридски Комуналец“, да обвинува за купување половен булдожер, иако сите знаат дека тоа е далеку поекономично отколку изнајмување машини за одржување на депонијата Буково. Ова е реалната вистина која ги боли СДС и Крлеска, затоа што тие не знаат да раководат домаќински:Предивдени беа 3 300 000 денари со ДДВ, а само за 3 години за одржување на Буково се потрошени 15 милиони денари. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ целата постапка ја спровел законски со цел претпријатието да остварува огромни заштеди на средства кои претходно се трошеле за изнајмување градежни машини и се плаќале огромни износи.
Крлеска-Деспотоска како што фалсификува, така и лаже, треба да се засрами затоа што години земаше плата од ЈП „Охридски комуналец“ пред да врши незаконска работа како Раководител. Дали Крлеска на ваков начин се залага за работа исклучиво во согласност со закон? Ако има барем малку доблест треба веднаш да се повлече од раководната позиција и од политичкиот живот.
Кога веќе споменува институции тогаш ги повикуваме Трудовиот инспекторат и Агенцијата за спречување на корупција веднаш да преземат мерки за ваквите незаконски дејствија, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид.