Денес (вторник) Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, локалната самоуправа на општина Дебрца и ОУ “Дебрца ” ќе организираат прослава во село Црвена Вода по повод 74 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.
П Р О Г Р А М А
11:00 ч – Село Црвена Вода- почеток на свеченото одбележување на настанот.
-Полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ.
12:00 ч – свечена седница на советот на општина Дебрца.
– обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.
– Хор и рецитал на учениците од ОУ “Дебрца” од с.Белчишта.
– Посета на спомен собата на НОБ и ликовната колонија.