Денеска почнуваат Струшките вечери на поезијата

58- от поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ пат ќе биде отворен денеска.

Фестивалските настани отпочна утрово со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2019 година, романска поетеса Ана Бландијана. Предвидено е, напладне во хотелот „Дрим“ прес-конференција да одржи лауреатката Бландијана. Официјалното свечено отворање е во 20:30 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа МИладиновци“, каде ќе се одржи и поетското читање „Поетски меридијани“.
СВП годинава има многу новини меѓу кои е „Поетската порака“. Автор на годинашната „Поетска порака“, која ќе биде прочитана на церемонијата на отворањето на фестивалот е македонски поет Влада Урошевиќ. Нему, по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј му е посветен посебен термин за поетски портрет.Како новитет, „Струшки вечери на поезијата“ годинава преку повикот за волонтери, отвори можност за млади луѓе, вљубеници во пишаниот збор, да се ангажираат во логистичкиот дел на фестивалот и да добијат можност да се запознаат и да се дружат со врвни поетски имиња.Новина е и што, фестивалот, одгодинава, за прв пат ќе биде четиријазичен – покрај на македонски и англиски, главните читања на фестивалот ќе бидат и на албански и француски. Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube канал на манифестацијата. На годинешните СВП која ќе има вкупно 52 фестивалски манифестаци, ќе учествуваат 32 странски и 30 домашни поети. Најголемиот број од настаните ќе се одржат во Струга градот-домаќин.Во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе има поетско претставување и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани