Деновиве сите ќе добијат евтина струја

Втор ден е од октомври, месецот од кога граѓаните ќе треба да користат и дневна евтина тарифа на струјата.

Дел од домаќинствата веќе ја имаат таа „привилегија“, некои пак, ќе ја добијат за најмногу дваесетина дена. Кога, ќе зависи од тоа во која отчитувачка група се по сметките кои граѓаните ги добиваат од дистрибутивната компанија ЕВН.

Прилагодувањето веќе почна, од денеска се адаптираат броилата во првата отчитувачка група, откако тој процес веќе заврши за тие кои се во четвртата група. Според роковникот на ЕВН, од 6 до 15 октомври ќе се прилагодуваат броилата од втората група и на крај или од 16 до 23 тие од третата отчитувачка група. Со тоа ќе заврши адаптацијата на околу 800.000 броила. По тоа сите тие ќе тарифираат двојно пониска цена на струјата која е потрошена од 14 до 16 часот попладне.

Инаку на сметките ЕВН веќе испрати известување за тоа кога службите треба да го прилагодат нивното броило. На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани