Рецепт за највкусниот азиски ориз

Секогаш истата дилема: Како да се зготви вкусен азиски ориз. Сакаме секое зрно да се двои. Тоа најдобро го прават на блискиот Исток.

Со овој рецепт ќе ги расчистите дилемите и ќе откриете каде сте грешеле.

Потребни состојки: 

1 чаша ориз

2 чаши вода и

путер

Начин на подготовка:

Убаво измијте го оризот. 

 

Во вок тава се загрева путерот. Количината на путерот зависи од тоа колку ориз ќе користите.
Потоа се додава оризот и убаво се пропржува и сите зрна треба да бидат намастени со путерот.
Запржениот ориз се прелева со 2 чаши врела, веќе  зовриена вода и се вари уште 1 мин, се поклопува со капак и се остава да стои половина час, додека оризот ја впие целата вода. Зачинете по вкус. 

Пробајте го вкусот на азиската магија. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани