Десетици пријави за штети поднеле охриѓани до Центарот за управување со кризи.
Распукани ѕидови, тавани на поновите градби, а урнати балкони, оџаци на постарите градби. Испаднати производи од рафтови, испаднати полици, телевисори во висококатниците. Имало и оштетувања на автомобили.
Оваа фотографија е од еден маркет во Охрид веднаш после земјотресот во 13 18 минути.