Детали за сообраќајката кај Ботун

Еден тешко повреден и судрени три возила, е епилогот од вчерашната сообраќајка.

На 06.06.2019 година во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(63) од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(32) од селото Враништа, струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани