Денес на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се отвори Иновацискиот хаб кој е резултат од проектот за прекугранична соработка со Република Албанија, INNOV8.
На отворањето на хабот се обратија Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Г-динот Јован Деспотовски. На настанот присуствуваа и претставници од други факултети од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, претставници од стопанството како и од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) кој учествуваше во работа на проектот.