Дигитализацијата за модернизација на граѓанскиот сектор

На 16 Јуни, во просториите на на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се одржа Интернационална Конференција на тема „Дигитално Граѓанско Општество“.

 

На конференцијата 17 експерти имаа презентации на теми како дигитализација, виртуелна реалност, креативноста во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации како апликации и софтверски решенија, електронски продавници.

Гостите беа од 5 различни земји и тоа: Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Македонија,меѓу кои универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи, и претставници од непрофитни организации, како и преставници од општина Охрид и градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа.

Учесниците на конференцијата го споделија своето искуство за дигитализацијата, дигитална трансформација и модернизација и нивно правилно користење од страна на граѓанскиот сектор.

На самата конференција, посебен акцент е даден на искористување на новите технологии во подобрување и модернизација на граѓанскиот сектор, затоа што со навремено и правилно корисење на дигитализацијата, самите граѓански организации може да направат поголем и поквалитетен социјален импакт врз средината каде што делуваат.

Конференцијата е организирана од организацијата ПоракаНова (од Струга) во соработка со Општина Охрид, во рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од програмата (Европа за граѓаните) Europe for Citizens.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани