Дирекцијата за заштита и спасување предупредува на невреме

И првата половина на јуни  се очекува невреме. Дирекцијата за заштита и спасување синоќа предупреди дека од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд и невреме. 

 

Според најавите се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град“, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.

ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани