Со полагање на свежо цвеќе, денес, пред спомен обележјето на Коста Абраш кај Сараиште, ќе се одбележи 140 годишнината од неговото раѓање.
Коста Абраш (Абрашевиќ) роден 29 мај 1879 година во Охрид, бил македонски пролетерски поет. Автор е на само една постхумно објавена книга социјална лирика „Песни“, а се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.