Четири години откако во 2015 година беше свечено поставен камен темелник и отпочна изградбата на затворениот базен во Охрид , објектот е се уште едвај карабина.
Зад градежните параванина фотографиите направени вчера попладне на Охриднет јасно се гледа дека нема ниту еден работник а околу изградениот објект обрасната е огромна трева.
.jpg)
Наместо долгоочекуваниот модерен спортски објект денес змијарник.
.jpg)
Според проектот базенот се гради на површина од 15 илјади квадратни метри, со димензии од 33 на 22 метри, трибини и над 500 седишта. Во репрезентативниот комплекс треба да има два базени, спа и велнес цетар, фитнес клуб,продавници, игротека, угостителски објект и други комерцијални содржини. Капиталниот проект чини 5 милиони евра.
Според тогашните оптимистички најави базенот требаше да биде готов и отворен на крајот од 2017 година или почетокот на 2018, но до ден денес едвај е карабина.
Градежните активности ги следат повеќемесени застои, поплаки протести на градежните работници кои со месеци немаа земено плата……
.jpg)
.jpg)
.jpg)
