Се доградува патеката, Охрид ЅОЅ реагира на сечењето дрвја

Се доградува патеката кон туристичкиот комплекс „Парк“, од Охрид ЅОЅ реагираат на сечењето дрвја. 

 

-„За жал, попусто се надеваме и апелираме на транспарентност од Општина Охрид, во случајов пред сечата на поголем број децениски стебла, немаше никакво известување, соопштение, зошто се сечат, за колку стебла се работи, немаше ли поинаква алтернатива. Отсуствуваше консултација со јавноста, со стручни лица. Во очекување на информација од надлежните, потсетуваме дека не ни е одговорено на барањето информација од јавен карактер за сечата кај ЕМО, иако поминаа две седмици. Изминатава деценија етапно исчезнува зелениот појас на овој потег, почнувајќи од огромните стебла покрај старата патека, преку редуцирање на оние кај дивите плажи каде се изградија угостителски објекти, па сè до некогашниот хотел „Парк“, каде своевремено само една мала група наши сограѓани со денови протестираше и престојуваше на локацијата, за да со сила бидат отстранети и дрвјата сепак исечени“, велат од Охрид ЅОЅ. 

Спортско рекреативната патека од подвижниот мост Студенчишта до туристичкиот комплекс  „Парк“, беше започната и речиси изградена пред неколку години. Остана мал дел кој не беше дозавршен, сега тоа го прваи новата локална власт. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани