Празникот одбележан во манастирот Свети Јован Владимир во Подгорци

Во село Подгорци беше одбележан вчерашниот  празник, во истоимениот манастир посветен на Свети Јован Владмир.Мештаните велат се прослави Денот на софрите….

 

Како секоја година така и ова година на 4 јуни 2019 година во манастирот „Свети Јован Владимир“ ( Свети Јонче ) во струшкото село Подгорци,на 15 километри од Струга,се одржа богослужба во чест на светиот маченик Јован Владимир.

Богослужбата и пеењето на светиот леб,кој секоја година го носи стариот кум,го изведе подгоречкиот свештеник Димитрија Павлески.
Повеќе стотици христијани го посетија манастирот „Свети Јован Владимир“за да го одбележат денот посветен на велико маченикот,имаше гости од околните села Лабуништа,Вевчани,како и од градовите Струга и Охрид.
Денот на Св.Јован Владимир,стариот кум Горан С.Лазороски,по потекло од Подгорци а сега живее во Охрид,ја имаше подготвено годинашнава софра ( трпеза ) со мезе и пијалок.

Манастирот „Св.Јован Владимир“е изграден во 1925 година,ова година е забележана како осветување на манастирот.На почетокот од минатиот век,на влезот од селото во дабовата шума,бил изграден храмот „Свети Јован Владимир“,единствен манастир со тоа име во државава.Посветен му е на Св.Јован Владимир,истиот дукљански кнез на Зета,дел од денешна Црна Гора,а цар Самуил не само што ја покорил Зета,туку го заробил и кнезот Јован Владимир.И како заробеник,во синџири,го затворил на островот Ахил,во Преспа,во 988 година.Кој подоцна се оженил со Косара, ќерката на цар Самуил,во 999 година,По женидбата живеел и владеел цели 25 години.

Манастирот „Свети Јонче“,како што го нарекуваат жителите на Подгорци,го спонзорирале,односно како донатори се јавуваат Захарие Тофил Р.Павловиќ и браќата Васиљеви,Петар Наумоски и Владимит Т.Ѓорѓевиќ ( 1925 ) сите од Подгорци,е запишано на манстирската камбана (звонарот) издлабен во металот,забележале и препишале Стојан Кукунешоски и Александар Младеноски при реконсрукција на манастирот 1999 година.

автор Стојан Кукунешоски 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани