Недостиг на кадар во индустријата

Околу 2500 работници фалат во индустриските капацитети.

Според податоците на државната статистика токму овој сектор имал најмногу слободни работни места во првиот квартал од годината. Во фабриките пак најмногу фалат мајстори, ракувачи и составувачи на машини и постројки. Токму такви работници какви што макеоднското образование не создава. И експертите и ЕК во последниот извештај повикуваат на забрзување на реформите во средните стручни училишта за тие да создаваат работници кои се потребни на пазарот на труд.

Просечната плата во индустријата е помала од државната и изнесува 350 евра. работодавачите тврдат дека ги покачуваат и платите, вложуваат и во обуки, но ефект нема. Работниците си одат.

Според статистиката, во првите три месеци од 2019 сл,ободни биле 9100 работни места. Освен индустријата, со недостиг се соочуваат и трговијата и угостителството. Половината од слободни работни места се во Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани