Општина Охрид организира трибина за Студенчишкото блато и пловниот сообраќај.
Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на 06.06.2019 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните објекти во организирана марина.
–Општина Охрид, тргнувајќи од Интегрираната студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото блато и преземање мерки за негова ревитализација (јануари 2012 г.) со цел да ја утврди најновата состојба и да ја усогласи со Правилникот за содржината на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје (Службен весник на РМ бр.26/2012), пристапи кон изработка на ,,Студија за валоризација на просторот на Студенчишкото блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“.
За таа цел ги повикуваме граѓаните, невладините организации и стручната јавност, со свое учество да дадат придонес кон оваа трибина, со цел да се слушнат и земат во предвид сите искуства, размислувања и предлози за овие две многу значајни теми за Охридскиот регион, информираат од општина Охрид.