Докторот, ретроактивно и издал боловање на полицајката.
Како што соопшти МВР, „СВР Охрид поднесе кривична пријава против лекар од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ и против 39 годишна полицајка, од селото Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. На 21.09.2018 година првопријавениот, како матичен лекар, ретроактивно и издал боледување на второпријавената, вработена во СВР Охрид, по што таа го употребила таквото боледување за да го оправда отсуството од работа“.