Промоција на „ЦВЕТОТ – психосеанса“ во Охрид

Промоцијата е закажана за денес во 13 часот.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 30 мај во четврток од 13 часот ќе се одржи промоција на новата книга поезија од Смиле Наумоски Брсјак „ЦВЕТОТ – психосеанса – “.Промотор на книгата ќе биде Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Александра Алексијевска. Книгата е илустрирана со слики во боја кои се хармонизирани со поезијата. „Цветот – психосеанса- неколку спомени од претходниот живот“ започнува со филозофско – поетски текст како вовед, содржи пет поетични раскази, 25 песни, осврт, био-библиографија и завршен дел на задната корица.
Инаку, Смиле Наумоски – Брсјак е познат охридски и македонски поет и писател и зад себе има девет книги поезија и проза. Член е на ДПМ од 1994 г. и освен со литература се занимава со сликање, вајање и музицирање. Живее и твори во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани