Нападот се случил синоќа на „Туристичка“.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „синоќа во 19.15 часот на ул.„Булевар Туристичка“ во Охрид, лицето Љ.О.(46) од с.Белчишта, општина Дебарца, физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.