ДОМ поднесе амандмани за колекторите во Охрид и Дојран, како ургентни потреби за следната година.
Амандманот за Охридското езеро обезбедува средства во висина од 11 милиони евра за доизградба на колекторскиот систем, со оглед на тоа што е потребно итно заокружување на основната мрежа, во состојба кога туризмот е во подем и се очекува натамошен развој.
„Досега е изработена комплетна проектна документација, а е најавено и како владин приоритет. Обезбедување ефикасно функционирање на колекторскиот систем е и еден од заклучоците од собраниската надзорна расправа за управување со, од УНЕСКО заштитениот-Охридски регион“, велат од партијата.
Со амандманите и против аерозагадувањето е предвидена пренамена на средства од повеќе буџетски ставки во ставки стриктно наменети за подобрување на состојбите со животната средина во делот на воздухот и водите, во вкупна вредност од 34, 7 мил. евра.