Во договорот за рехабилитација на патишта слкучен меѓу ГП „Гранит“ и ЈП за Државни патишта, не се опфатени патиштата во охридско.
Градежното претпријатие „Гранит“ склучи три зделки со Јавното претпријатие за државни патишта вредни над 10 милиони евра. Како што соопшти компанијата „Гранит“, преку Македонската берза, склучени се договори за проектирање и рехабилитација на три патни правци во вкупна вредност од околу 10,4 милиони евра.радежната фирмаП „Гранит“ во наредниот период ќе работи на проектирање и рехабилитација на делниците Jурумлери- Драчевo, Битола-Демир Хисар и Драчево-Орешани-Таор. Вредноста на овој договор е 209.586.360 денари, а рокот на изведување: 8 месеци
Со вториот склучен договор ќе се проектираат и рехабилитираат патиштата Делчево- Звегор, Делчево-Пехчево и Берово-Виница. Вредноста на овој договор е 204.311.718 денари, а рокот на изведување е исто така 8 месеци.
Предмет на третиот договор е проектирање и рехабилитација на патиштата Струмица- Ново Село Кавадарци-Росоман и Фурка-Богданци-Гевгелија. Вредноста на овој договор е 228.024.140 денари, а рокот на изведување е 12 месеци.
