Дрим блесна во повеќе бои

Реката Црн Дрим блесна  во неколку бои, коритото од синоќа  се прелева во  сина, црвена, зелена и  виолетова боја.

Проектот вклучува инсталација на арматура изработена од не’рѓосувачки челик. Светилки се поставени од двете страни на коритото во  должина од 1800 метри.

Според градоначалникот Мерко, Дрим е нова туристичка атракција.

-„Заслужува Дрим да биде осветлен ноќе бидејќи тука доаѓаат гости, а тука сме и ние стружани кои се гордееме со езерото, а посебно реката Црн Дрим која врви низ Струга“, вели Рамиз Мерко градонаалник на општина Струга.

Екологистите со експресна реакција. Обвинуваат дека осветлувањето ќе има штетни псоледици врз животинскиот и растителниот свет во реката.

-„Осветлувањето на речните води, го менува ритамот  на живиот свет , се губи чувството на ден и ноќ, го  менува циклусот на раст на водните алги. Светлината воедно  го нарушува животот на рибите особено чувството за ориентација, комуникација и раст“, пишуваат екологистите.

-„Мислам дека нема место за критики од страна на еколозите бидејќи осветлувањето не уништува флора и фауна. Наспроти  уште подобро ке изгледа како аквариум и ке биде добро за око за сите нас и гостите кои се во Струга“, додава Мерко.

Проектот предизвика реакции и во јавноста. Граѓаните се загрижени за безбедноста на капачите. Градоначалникот уверува дека осветлувањето е потполно безбедно, станува збор за нисконапонска струја од 12 волти.

Подводното осветлување  на Дрим чини 110 илјади евра. 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани