Со проекцијата на филмот „К-15: Од другата страна“, синоќа во Касарна Охрид официјално започна осмото издание на Културолошката иницијатива „5 до 12“, која ова лето се одржува под мотото „Бесконечниот круг на културата“.
Во рамки на Drive-in Cinema, просторот на касарната повторно е претворен во кино под отворено небо, каде љубителите на филмот можат да уживаат во проекциите од удобноста на своите автомобили.
Вечерва на програмата е филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, додека утре, на 24 јуни, манифестацијата ќе заврши со проекција на „Враќање на Жикина династија“.
Влезот за посетителите е отворен од 19:30 часот, а проекциите започнуваат во 21 часот. Организаторите најавуваат богата летна програма со повеќе културни, уметнички и забавни настани на различни локации низ Охрид.
