Се запали автомобил во движење кај Ќафасан, нема повредени

На 22 јуни во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во близина на Граничниот премин Ќафасан настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.

Автомобилот бил во движење и го управувал 55-годишниот В.Л. од струшкото село Радолишта.

Во инцидентот нема повредени лица. Интервенирале полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Ќафасан, кои го изгаснале пожарот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани