Дрога пронајдена кај жител на Шум

Струшката полиција му подготви пријава.

Синоќа во 22.40 часот во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга го лишиле од слобода Е.А.(36) од селото Шум, струшко, за тоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, а подоцна, на 06.01.2021 во периодот од 00.30 до 01.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува, при што била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани