Двајца охриѓни се степале во делоен објект, друг се заканувал на полицајци

Двајца охригани се степале во деловен објект. 

На 09.05.2021 година  во 12.30 часот, пред деловен објект на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Т.(77) врз  Ј.Т.(41), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

 Во друг случај охриѓанец агресивно се однесувал кон полициски службеници на должност. 

На 09.05.2021 година во 19.40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, Д.А.(28) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани