Ова лето се очекуваат повеќе туристи од лани

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна снимање на промотвно видео „Safe like home“ за привлекување на домашни и странски туристи.

Кампањата  содржи пет промотивни видеа,  кои  ќе таргетираат повеќе земји од соседството. Целта е да се докаже дека Македонија е сигурна дестинација за лето 2021 година. 

Дел од спотовите се снимани на брегот на Охридското езеро.  Ова лето  се токму во Охрид очекуваат туристи од  Холандија, Полска, Украина, но и кружни тури, каде главниот туристички центар ќе биде попатна станица. 

„ Македонија е една од најслободните земји кога е патувањето во прашање, но страските туристи  сега имаат друг проблем кога ќе отидат во своите земји имаат одредени карантини од 7 до 14 дена.Ние како дестинација секој може да влезе во нашата земја без ПЦР тест  Затоа започнавме дополнителната дипломатска офанзива веќе ја имаме во месец мај и ќе продолжиме понатаму. Имав средба со амбасадорите и објаснивме дека Македонија е безбедна дестинација и секако фокусот ќе биде и на традиционалните наши пазари“, вели Љупчо Јанески директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот. 

За српските турсити предвидено е покрај ослободување од патарини и бесплатни паркинзи и карти за музеите во Охрид. Отпочнати се и преговори за повторно воспоставување на авио линијата Белград Охрид. 

 „Зборував со грдоначалникот Геогиески иницијативата е прифатена. Веќе и Хотам дава попусти за српските туристи како една голема благодарсност за се она што го направи соседна Србија со вакцинацијата. Се надеваме дека масовното вакцинирање ќе го даде својот ефект и за брзо време од страна од општината ќе има  ослободување на паркинг услуги за српските туристи а потоа  и  бесплатни билети за музеите.  Очекуваме оваа година да имаме многу повеќе српски туристи, вели Љупчо Јанески.

Од Агенцијата  оечкуваат  2021 година да биде подобра од лани. Се прогнозираат над 2 милиони ноќевања и  300 милиони долари приход во туристичкото стопанство.

Новинар Соња Рилковска 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани