Дванаесет лица ја прекршиле забраната за движење

Двајца во Охрид и 10 во Струга ја прекршиле забраната.

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, дванаесет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Струга-10). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.


Димоски информира дека „во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 64 контроли врз лица во изолација, 49 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-24, Струга-16, Кичево-8, Дебар-1), како и 68 контроли на угостителски и други објекти“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани