Кривични за кршење на полицискиот час

Полицијата со кривични „награди“ двајца за кршење на полицискиот час.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира за две кривични пријави, поднесени од полицијата. Пради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(21) од Охрид. Тој, на 18.04.2020 година во 17.10 часот бил затекнат на булеварот „Туристичка“ во Охрид и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во период од 16 до 05 часот.
Поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Х.(21) од струшкото село Калишта. Тој, на 16.04.2020 година во 17.30 часот, бил затекнат во близина на селото и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во период од 16 до 05 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани