42 годишниот А.Р. загина а Р.С (36) и Е.С.(41) од Охрид се повредени во сообраќајката случена рано утрово на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на селото Српци.
Во денешното полициско соопштение стои: На 17.09.2017 година во 04,30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на с.Српци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од А.Р.(42) од Охрид и патничко возило “Киа Соренто“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.К.(25) од Скопје. Во незгодата возачот на “БМВ“ -то, А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С.(36) од Охрид сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С.(41) од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на “Киа соренто“, Т.К. Повредените биле пренесени во КБ-Битола за укажување на лекарска помош. Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.