Расте бројот на млади кои планинарат

Освојувањето на високите планински врвови последниве години стана помодарство во земјава.

Голем дел од аматерите планинари стануваат пасионирани вљубеници во природата. Од една рекреативна прошетка секој викенд  го  минуваат во планина.

Алпинизот и планинарењето како спорт и како рекреација значат многу напор, вложување, енергија, но  не  смее да се потценува планината, советуваат искусните аплинисти.

– „Толку е моќна во секој момент да не збрише и човек ќе стане свесен и кога ќе тргне од помодарски причини колку е минорен. Една точка која што нема шанси да се освои ако временските услови се лоши, дури и Галичица и Јабланица кога се временските услови лоши тоа е невозможна мисија. Значи почит не до крај но тоа си доаѓа со самот искуство кај секој планинар “, вели Ивица Митровски алпинист.

Македонија  не  вложува многу во алпинизмот. За професионално градење на кариерата  потребни се многу средства. Во земјава недостигаат и планинарски домови.

 

– „Ние и во тие жалосни услови на тоа поле на материјалниот дел ние имаме величини светска елита во права смисла на зборот. Мене ми е чест што го познавам Здравко Дејановиќ и еден друг круг на планинари кои што се величини, но навистина се светска елита. И сега кај нас сеуште на тоа ниво од свест на кое што сме општеството е запознато толку колку што треба но со тек на време мислам дека ќе доаѓаме до знаење да ги цениме повистинските работи“, додава Митровски.

И помодарците и професионаните планинари веруваат дека    надлежните конечно  ќе имаат повеќе слух. за  спортот на планина, каде што чистата и недопрена природа го запира здивот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани