ФОТО: Се санира детското игралиште во населба „Гоце Делчев“

Деновиве започна санација на детсткото игралиште во населбата „Гоце Делчев“ во Охрид. 

 Се реновираат потполно руинираните реквизите. Жителите на населбата во неколку наврати преку Охриднет реагираа дека во игралиштето се собираат вандали кои ги демолираат просторот наменет за рекреација и забава за најмладите. 

Локалната го реновира игралиштето но жителите загрижено велат „ Нема да трае долго радоста. Веднаш вандали ќе го искршат. Треба локалната да размисли за видео надзор. Секоја вечер овде се собираат млади кои пијат алкохол и користат дрога“. 

Мештаните бараат во игралиштето да бидат вратени и клупите за седење кои биле одземени неодамна од непознат сторител. 

Според нивните искази некој го украл и бекатонот од игралиштето. Бараат надлежните да поведат истрага и да откријат кој крадел бекатон во вреќи утрово. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани